4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВ среда почнува пријавувањето за третото издание на „Охрид трчаТ“

В среда почнува пријавувањето за третото издание на „Охрид трчаТ“

Под мотото „Трчај, забавувај се и уживај во убавините на Охрид“, атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ја почна кампањата за третото издание кое ќе се одржи на 2 јуни следната година.

Пријавувањето за учество за следното трето издание на најголемата и најмасовна спортска манифестација ќе почне в среда, на 19 декември, а организаторите најавуваат многу новитити, но задржување на забавата, музиката, дружењето и трчањето што го краси „Охрид трчаТ“, велат оттаму.

„Организациски стартувавме со кампања за третото издание на ‘Охрид трчаТ’, а со пријавување ќе почнеме од следната среда. Работиме напорно да го задржиме квалитетот и да внесеме што повеќе новитeти со кои ќе го кренеме настанот едно или две нивоа погоре“, изјавија од „Охрид трчаТ“.

Понудата останува иста, односно вљубениците во трчањето можат да учествуваат на 5 и 10 километри или тим-билдинг трката што се трча на 5 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП