24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороско 07.12.2018

Дневен хороско 07.12.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некој има добро влијание на вас. Искористете го тоа на вистинскиот начин. Денес ќе се случи нешто што ќе ве наведе да размислувате на поинаков начин за вашиот љубовен живот.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не прифаќајте компромис. Држете се до своите планови, бидејќи некој ќе се обиде да ве измами. Саканото лице има погрешна слика за вас, а за тоа главно вие сте виновни.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате добри идеи. Зошто не ги претставите пред колегите и надредените? Можна е необична љубовна средба преку пријател или колега. Опуштете се малку.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидете внимателни и употребете ги вашите дипломатски манири пред соработниците. Саканото лице нема доволно толеранција за вашите постапки. Можна е сериозна кавга.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете во кавга со околината околу вас, а сето тоа е поради наталожениот стрес во вас кој ќе мора некаде да избие. Во друштво на партнерот ќе најдете спокој, послушајте ги неговите совети и постапете како што ви кажува.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Доколку не можете да постигете да завршите се што имате во план, префрлете дел од работата на некој соработник. Во љубовта сте вознемирани, па поради тоа можете да донесете погрешна одлука во врска со љубовниот живот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку ви е важно да ги остварите своите намери, потребно е да се прилагодите на соработниците или да испочитувате нечија волја. Партнерот врши емотивен притисок на вас. Обидете се да позборувате за тоа со него.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Пред да донесете некоја одлука, проверете дали ги имате сите неопходни информации. Во љубовта можна е средба со личност која многу ви значела во минатото.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Нема причина да се колебате. Донесете ја конечно вашата одлука. Во љубовта ве очекува пријатно изненадување од една личност.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате преголеми амбиции. Обидете се да останете на земја. Во љубовта со денови игнорирате нечија порака, а не сфаќате дека тоа би можела да биде вистинската личност за вас.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сослушајте ги колегите што ви зборуваат. Сигурно ќе ви помогнат. Во љубовта склони сте да преувеличувате. Ситуацијата ви делува полошо од тоа што е всушност.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Една личност од вашата околина би можела да ви помогне да напредувате. Во љубовта ве очекува кавга со партнерот. Бидете подготвени како да му одговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП