18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМРТВ ги откупи правата за Светското првенство во ракомет

МРТВ ги откупи правата за Светското првенство во ракомет

Македонската радио телевизија (МРТВ), ги откупила правата за емитување на натпреварите што ќе се играат на Светското првенство во ракомет. Ракометниот Мундијал ќе се одржи од 10. до 27.јануари 2019 година во Данска и Германија.

„Македонската телевизија ги обезбеди ексклузивните терестријални права за телевизиско покривање на Светското Првенство во ракомет, коешто од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и Данска. Јавниот Сервис вложи огромни напори за да остане верен придружник на македонската репрезентација на настапите на најголемите светски ракометни собири. Целта ја оствари, но успеа и во уште поважната мисија – преносите од натпреварите на нашиот национален тим и на овој значаен меѓународен настан да бидат на македонски јазик“, напишал на уредникот на спортската редакција на МРТВ, Драган Николовски на својот фејсбук профил.

Македонските ракометари натпреварите во групата ќе ги играат во Минхен. Мундијалот, Македонија ќе го отвори на 11.јануари против Јапонија. Во групата покрај овие две репрезентации се уште и Шпанија, Хрватска, Исланд и Бахреин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП