29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram се повеќе ја персонализира својата услуга

Instagram се повеќе ја персонализира својата услуга

Апликацијата за споделување на фотографии и видео содржини, „Instagram“ која е во сопственост на „Facebook“, денес објави дека ја пушта нова функција наречена „Close Friends“ (Блиски пријатели), која им овозможува на корисниците да ги споделат „Stories“ со помали групи на луѓе, објави „Ројтерс“.

Новата функција која ќе се појави во страничното мени на корисниците им овозможува на над 1 милијарда лица кои го користат „Instagram“, да создаваат мали групи од онлајн пријатели и споделување на „Stories“ екслузивно со нив.

„Ако сте во списокот на блиски пријатели со некого, ќе гледате зелен круг околу нивната слика во полето „Stories“ и зелен беџ кога ги пребарувате нивните приказни“, посочува „Instagram“.

„Facebook“ се фокусира на „Instagram“, како апликација која најбрзо генерира приходи во бизнисот на компанијата, откако главната платформа на социјалната мрежа стана предмет на критики од страна на регулаторите, кои инсистираат за подобрување заштитата на информациите на индивидуалните корисници, да се преземат мерки против зависноста од социјалната мрежа и да престане ширењето на лажни вести.

Во октомври „Instagram“ го ангажираше Адам Мосери за шеф на компанијата, откако ко-основачите на апликацијата Кевин Систром и Мајк Кригер се повлекоа.

Ривалот „Snap“, сопственик на „Snapchat“, кој се соочува со огромна конкуренција од страна на „Instagram“, направи редизајн на апликацијата за да привлече повеќе корисници и реклами. „Snap“ објави инвестиција од 250 милиони долари од саудискиот принц Алавид Бин Талал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП