5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy S10 + - 12GB RAM и 1 TB простор за складирање

Galaxy S10 + – 12GB RAM и 1 TB простор за складирање

Се чини дека корејскиот концерн за електроника „Samsung“ целосно ќе го промени мобилниот пазар со својата „плус“ верзија на претстојниот предводник „Galaxy S10“.

Според новите шпекулации, Корејците ќе го предложат „Galaxy S10 +“ со параметри кои се нејасен поим за тоа колку хардвер може да се најде под капакот на еден смартфон – со карактеристики со кои не можат да се пофалат некои компјутери.

Неофицијалната информација вели дека „Samsung Galaxy S10 +“ ќе располага со 12GB RAM меморија, како и 1 TB простор за складирање податоци, пренесува „Аndroid Аuthority“.

Во овој случај, „RAM“ меморијата ќе биде три пати поголема од „Galaxy S9“ и „Galaxy S9 +“ и двојно поголема од верзијата на „Galaxy Note 9“.

Оперативната меморија ги чува податоците од отворените апликации, овозможувајќи им на корисниците да користат неколку апликации, или мултитаскинг, без да мора да отвораат одново апликација секој пат кога сакаат да ја користат.

Ако „Galaxy S10 +“ биде со 1 TB простор за складирање, тогаш ова ќе биде двојно над досегашниот рекорд од 512 GB, кој се нуди кај „топ“ моделите „iPhone XS“, „iPhone XS Max“ и „Galaxy Note 9“.

Според други шпекулации „Galaxy S10 +“ ќе има 6,7-инчна дијагонала и четири камери на задната страна, дополнети со двоен преден сензор.

Главниот извршен директор на единица на „Samsung“ за мобилните уреди Ди Џеј Кох неодамна спомна дека „Samsung“ е во „криза“, што се однесува до смартфоните. Може да се покаже дека компанијата е подготвена да притисне „педалата до крај“, кога станува збор за моделите во 2019-та година, во обид да се натпреваруваат подобро со конкурентните производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП