17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го спасува Мата од Мурињо

Барса го спасува Мата од Мурињо

 

mata

Барселона ќе се обиде во своите редови да го доведе Хуан Мата од Челзи, објавија медиумите во Шпанија. Неодамна новиот менаџер на „сините“, Жозе Мурињо навестил дека шпанскиот репрезентативец, заедно со Фернандо Торес не влегуваaт во неговите планови за тимот во следната сезона.

За да го финансира трансферот пак, Барса најверојатно ќе се раздели со двете најголемите млади надежи. Станува збор за Кристијан Телјо и Тиаго Алкантара. Последниот е посакуван од неколку англиски клубови.  Додека пак Телјо е предмет на интерес од страна на Шалке, Дортмунд и Ливерпул.

Мата има договор за уште три години со Челзи и беше еден од столбовите на тимот во минатата сезона, но сепак уште повеќе е чудна желбата на Мурињо да се раздели со него.

Шпанецот беше желба на „каталонците“ уште во 2010-та година, кога лично претседателот Сандро Росел вети дека ќе го доведе играчот од средниот ред, но сепак тоа не се случи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП