6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШведска и Италија кандидати за ЗОИ во 2026-та

Шведска и Италија кандидати за ЗОИ во 2026-та

Кандидати за домаќин на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2026 година се Стокхолм (Шведска), односно Милано и Кортина Дампецо (Италија), соопшти Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

ИОК имаше проблеми бидејќи неколку градови се откажаа поради финансиски проблеми, ни и поради референдум на граѓаните (Калгари).

„Ќе се воздржам од коментари. Претпоставувам дека претставници на двете кандидатури се присутни. Тие ќе го забележат секој мој збор, ќе заминат дома и ќе го претстават на еден или друг начин“, рекол на конвенцијата, пред 1.400 делегати, првиот човек на ИОК, Томас Бах.

Шведска била домаќин на Олимписки игри пред повеќе од 100 години, во 1912 година, но никогаш во оваа земја не се одржале ЗОИ.

„Ова се две добри кандидатури, но мислиме дека е време Шведска да добие организација на ЗОИ“, рекол извршниот директор на Олимпискиот комитет на Шведска, Петер Реинебо.

Во Италија се одржани ЗОИ во 1956 година во Кортина Дампецо и во 2006 година во Торино, додека во Рим во 1960 година се одржани Летни олимписки игри.

ИОК наведе дека двете кандидатури се подготвени за натпреварувањата, бидејќи имало потреба од само неколку нови градби. Бах посочил дека Шведска би требала да изгради три, а Италија едно борилиште.

Исто така буџетот за организацијата би изнесувал 1,5 милијарди долари, што значи дека владите на двете земји не би требало да издвојат големи средства.

Името на домаќинот на ЗОИ во 2026 ќе биде соопштен во јуни наредната година, во Лозана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП