11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕриксен гo „спаси“ Тотенхем, ПСЖ и Наполи со клучни победи

Ериксен гo „спаси“ Тотенхем, ПСЖ и Наполи со клучни победи

Последното коло во Лигата на шампионите ќе ги решава патниците во осминафиналето од групите Б и Ц, откако Тотенхем успеа да „остане во живот“ со победа над Интер, а Пари Сен-Жермен го победи Ливерпул со 2:1 за да ја искомпликува работата откако Наполи без мака ја среди Црвена звезда.

Пари Сен-Жермен знаеше дека на „Паркот на принцовите“ мора да победи против Ливерпул доколку сака да ја задржи главната амбиција, освојувањето на титулата од ЛШ, и имаа совршен старт откако Хуан Бернат уште во 13. минута донесе водство за парижани. Нејмар со фантастичен гол го зголеми водството на 2:0 во 37. минута, за Милнер од пенал на крајот на полувремето да им даде лажна надеж на Ливерпул.

Комбинирано со 3:1 победата на Наполи против Црвена звезда, ситуацијата пред последното коло е компликувана. Наполи е прв со 9 поени, ПСЖ има 8, а Ливерпул 6, меѓутоа ПСЖ во последното коло гостува на Црвена звезда во Белград, додека Ливерпул на „Енфилд“ ќе мора да го победи Наполи.

И во групата Б е неизвесно кој ќе оди понатаму, откако Тотенхем со крајни сили стигна до победа од 1:0 над Интер. Со оваа победа Тотенхем се израмни со Интер со 7 поени зад недостижната Барселона (која со 2:1 славеше на гости кај ПСВ), за во последното коло Тотенхем да мора да брка позитивен резултат на гости кај Каталонците.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА А

Атлетико Мадрид – Монако 2:0

Борусија Дортмунд – Бриж 0:0

Табела: Атлетико М 12, Борусија Д 10, Бриж 5, Монако 0

ГРУПА Б

ПСВ Ајндховен – Барселона 1:2

Тотенхем – Интер 1:0

Табела: Барселона 13, Тотенхем 7, Интер 7, ПСВ 1

ГРУПА Ц

Наполи – Црвена звезда 3:1

Пари Сен-Жермен – Ливерпул 2:1

Табела: Наполи 9, Пари Сен-Жермен 8, Ливерпул 6, Црвена звезда 4

ГРУПА Д

Локомотив Москва – Галатасарај 2:0

Порто – Шалке 3:1

Табела: Порто 10, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив М 3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП