28 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.11.2018

Дневен хороскоп 27.11.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекува прекин на некој договор. Можно е да почувствувате големо олеснување поради тоа. Во љубовта ќе одлучите да промените некои работи.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можна е промена на работното место, особено ако веќе подолго време посакувате промена на работата. Во љубовта можно е да не сте задоволни со емотивната ситуација.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можно е денес да бидете склони на некои помали ризици, но немојте премногу да ја испробувате среќата. Во љубовта неочекувано ќе дојдете до флерт со лице кое подолго го познавате.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ви доаѓаат големи промени. Пред вас е период во кој максимално ќе се прилагодувате на настанатите ситуации. Со партнерот ќе ги договорите следните чекори во врската.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можно е до вас да дојдат некои приказни и муабети кои не се вистинити, пред да реагирате проверете. Во љубовта нема да бидете заинтересирани за нови познанства.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во текот на денот ќе ви се случат некои неочекувани трошоци, но тоа нема да ја погоди вашата финансиска ситуација. Во љубовта можно е да дојдете до кризен период полн со кавги.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Бидете доволно отворени кога станува збор за идеите кои ги имате. Ќе ја добиете поддршката која ви е неопходна. Во љубовта ќе имате прилика за ново запознавање.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Препорака е да поведете сметка за своите трошоци во наредниот период за да немате поголеми проблеми. Во љубовта потрудете се да изградите постабилен однос со вашиот партнер.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денешниот ден не ви е поволен па немојте да ризикувате на било кој план. Моментот не е за нови инвестиции. Саканото лице е повредено и очекува извинување.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Нетрпеливи сте и не ви е лесно да дочекате некои нови решенија кои не зависат од вас. Обидете се да ја намалите нервозата. Не сте задоволни со ситуацијата на љубовен план.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Позитивна атмосфера ќе владее во вашето деловно опкружување и добро ќе се чувствате поради тоа. Во љубовта денот е поволен за почеток на нова врска за слободните.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сте влегле во некој нов проект но веќе имате премногу стари обврски. Нема да ви биде воопшто лесно. Во љубовта новото познанство кое ве очкеува целосно ќе ви го промени погледот на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП