27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона најмногу ги плаќа своите фудбалери

Барселона најмногу ги плаќа своите фудбалери

Барселона е нов рекордер во светскиот фудбал, според парите што ги издвојува за платите на фудбалерите. Великанот од „Ноу Камп“ е првиот клуб во светот, каде првиот тим просечно, на годишно ниво, заработува повеќе од 10 милиони фунти.

Оваа натпреварувачка сезона, без предвидените бонуси, 23. фудбалери што го сочинуваат првиот тим на Барселона, во просек ќе заработат 10,45 милиони фунти. Ова претставува зголемување од 33 отсто во однос на минатата сезона.

Зголемувањето најмногу му се должи на новиот договор што го потпиша најдобриот играч, Лионел Меси.

На второто место се наоѓа Реал Мадрид, чии играчи во просек, на годишно ниво заработуваат 8,1 милиони фунти.

Последното истражување покажува дека најбогата лига во светот е Премиер лигата на Англија, бидејќи просечната годишна плата на фудбалерите во сите тимови изнесува 2,99 милиони фунти. Тоа е за 33 отсто повеќе од Примера, каде за плати се издвојуваат по 2,2 милиони фунти и реши за 50 отсто повеќе од Серија А.

Просечно за плати во Премиер лигата најмногу издвојува Манчестер Јунајтед (6,53 милиони фунти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП