19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлиперс се новите лидери на Западот, Батлер го реши Бруклин (видео)

Клиперс се новите лидери на Западот, Батлер го реши Бруклин (видео)

Со победата над одличниот Портланд од (104:100), кошаркарите на ЛА Клиперс избија на првото место во Западната конференција. Тие имаат ефект од 13-6, а по нив следуваат Голден Стејт со 14-7, па Денвер 13-7, Оклахома и Мемфис 12-7, Портланд 12-8…

До седмиот триумф во последните осум натпрвеари, Клиперси стигнаа во едне неизвесен финиш. Клучниот кош, на 47 секунди пред крајот го постигна Данило Галинари, за водство (102:100). Во следниот напад Блејзерс не погодија два шута, а казни Патрик Беверли со две слободни фрлања.

Тобијас Херис со 34 поени (14/22 од игра) постави нов рекорд на кариерата, а имаше и 11. скока. Галинари додаде 17, заедно со осум скока и пет асистенци. На другата страна Демиан Лилард впиша 30.поени (12/27 од игра), и по девет скока и асистенција, Си Џеј Мек Калум имаше 18, а Тарнер еден поен помалку.

Џими Батлер беше меч-винер на Филаделфија. Новиот играч на Сиксерс погоди од една претешка ситуација на гостувањето во Бруклин, за конечни (107:105). И петта победа во последните шест мечеви за Фила.

Гостите од Пенсилванија со серија (16-2) во која освен Батлер учествуваа Џоел Ембид и Џеј-Џеј Редик, на 63 секунди пред крајот поведоа со (121:120), нивно второ водство по она почетното (2-0). Мечот го реши Батлер, со тројката на 2.3 секунди пред крајот. Тоа беше негов 18. поен во последната четвртина, одосно 34 во вкупниот бор (11/20 од игра), плус 1 12.скока, четири освоени топки и две асистенции. Ембид додаде 32, заедно со 12. скока и четири асистенции.

Трета по ред победа има Њујорк никс кои славеа во Мемфис (103:98). По заслуга, уште ееднаш, а Тим Хардавеј-Јуниор кој даде 22.поени, и Енес Кантер кој имаше еден поен помалку, но затоа пак собра и 26 скока и три додавања.

Кај Мемфис, Марк Гасол комплетираше 27.поени, осум скока и пет блокади. Мајкл Конли дополни со 23. поени и 11. асистенции.

Пет победи по ред има и Торонто, кој излезе лесно во дуелот со Мајами (125:105). Со ефект 17-4, Репторс се лидери на Истокот.
Мечот го свртеа во своја корист во третата четвртина кога дојдоа до вишок од 26.поени (88:62). Каваи Ленард постигна 29.поени, а имаше и 10.скока. Паскал Сијакам додаде 21, Валанчиунас 17, а Кајл Лаури уште 12, заедно со десет додавања.

На другата страна блесок на Двејн Вејд, кој се врати во составот на Мајами со 35.поени (13/22 од игра), и шест асистенции односно пет скока. Рекорд на франшизата споре дбројто на поени на еден играч кој влегол во игра д клупата за резерви.

Атланта го изненади Шарлот (124:123), и ја прекина серијата од десет порази. Одличниот Џош Колинс ја имаше блокадата на вечерта, онаа над Кемба Вокер во последниот напад на Хорнетс со кој можеа да триумфираат на ова гостување.

РЕЗУЛТАТИ: ЛА Лејкерс – Орландо 104:108, Детроит – Феникс 118:107, Атланта – Шарлот 124:123, Бруклин – Филаделфија 125:127, Мемфис – Њујорк 98:103, Торонто – Мајами 125:115, Сакраменто – Јута 112:133, Портланд – ЛА Клиперс 100 :104;

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП