Социјалната мрежа од ноември и декември ќе почне да испробува нови додатоци, кои исто така вклучуваат одредени промени поврзани со иконите и навигацијата.
Не се работи за голема промена, но ќе забележите разлики бидејќи сликата на профилот ќе се премести во десниот агол, вашето име ќе биде напишано на врвот на страницата со поголем фонт и бројот на постовите повеќе нема да биде на насловната страница.
– Работевме на овие промени и ќе ги тестираме преку фази и во различни комбинации во нашата заедница во следните неколку недели. Ќе продолжиме да експериментираме и да се менуваме во склад со вашите реакции – се вели во соопштението.