24 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 24-25.11.2018

Викенд хороскоп 24-25.11.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Викендов ќе го поминете со пријателите. Во љубовта чудно се однесувате бидејќи живеете во некој свет на фантазии и идеали. Кога ќе видите дека личноста покрај вас е со повеќе мани отколку што сте претпоставувале малку ќе бидете разочарани.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе зависите од помошта и реакциите на околината. Соберете се, внимавајте и имајте доверба во себе. Во љубовта среќен викенд исполнет со меѓусебно разбирање со партнерот, кое позитивно ќе ве исполни и ќе направи да се чувствувате пресреќно.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Викендов ќе сакате да прошетате и да потрошите некој денар. Финансиската ситуација нема да ве вознемирува дури можни се и некои неочекувани добивки преку партнерот како и некој ситен подарок кој многу ќе ве израдува. Страста и љубомората ќе ви бидат нагласени, бидете внимателни.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Викендов ќе ви помине работно. Можна е симпатија во вашата канцеларија или познанство со интересна личност благодарение на вашите колеги. Оние што бракот го доживуваат како обврска ладно ќе ги извршуваат должностите. Можно е да ви замери партнерот, бидејќи за него немате доволно време.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Викендов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Незадолжителните разговори со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Покрај тоа викендов е погоден и за забава со пријателите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Опуштете се викендов. Свесни сте дека до целта можете да дојдете само полека, но сигурно. Се што сте замислиле бара од вас штедење. Тоа нема да ви биде тешко со обзир на тоа дека ги сакате парите.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе имате многу бурен и напорен викенд. Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Викендот ќе ви помине во хармонија со партнерот. Некои мали нешта ќе ве направат исклучително среќни. Ќе забележите подобрување и на финансиската ситуација, а тоа за вас ќе биде уште поголем стимул за подобро да работите.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашето однесување ќе делува врз расоложението на најблиските. Некои од вас ќе обноват, а други ќе раскинат врска. Можно е да има и некоја промена во вашиот поглед кон бракот и пријателството. Би можеле да посакате нешто забрането.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендот е неповолен за вас. Чуствувате силна потреба за сензација и во однос на тоа правите се и сешто за да ја шокирате средината. Кога ќе ја постигните целта и со сите ќе се искарате ќе се обидете да изградите нови односи. Тоа многу тешко ќе го поднесат вашите жртви.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе успеете да завршите се што мислите дека е неопходно. Ќе работите со полно физичко ангажирање. Слободното време најповеќе ќе го користите за интелектуално напредување како и за излегување со вашите пријатели. Вагите кои се во брак со својот партнер ќе поминат убави моменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП