24 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Јутјуб“ воведува нов систем за прикажување реклами

„Јутјуб“ воведува нов систем за прикажување реклами

На повеќето корисници на „Јутјуб“ многу им пречат рекламите што се појавуваат на почетокот и во текот на видеата поставени на оваа платформа, поради што од овој сервис најавија промени кога се рекламите во прашање, кои изненадувачки предвидуваат повеќе реклами.

Имено, од „Јутјуб“ го најавија воведувањето на две т.н. pre-roll реклами на почетокот на видеото. Ова, пак, значи дека ќе има помалку реклами за време на емитувањето на видеото.

Од платформата проценуваат дека на овој начин ќе остварат за 40 отсто помали прекини за реклами, во текот на гледањето на едно видео.

Pre-rol“ рекламите на почетокот од видеото ќе биде возможно и да се прескокнат.

Иако 40 отсто можеби звучи многу, одлуката на „Јутјуб“ е одговор на резултатите од истражување што покажа дека корисниците се прилично чувствителни на честите паузи, особено кога гледаат подолги видеа.

Новиот начин на прикажување реклами годинава ќе биде претставен за десктоп верзија на „Јутјуб“, по што ќе добие мобилна и ТВ-верзија.

Новите промени, секако, се направени и во интерес на огласувачите, а од „Јутјуб“ соопштија дека првичните тестови покажале зголемување на досегот на рекламите до корисниците од 8 до 11 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП