4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОфицијално претставен Honor 10 Lite (фото+видео)

Официјално претставен Honor 10 Lite (фото+видео)

„Honor“ го претстави својот нов телефон, нешто послаба и поевтина верзија на моделот „10“ со ознаката „Lite“.

„Honor 10 Lite“ има „Full HD“ екран со дијагонала од 6,21-инчи, со однос на страните 19,5:9. На врвот на екранот „notch“ е во форма на капка, помал од вообичаените. Производителот се пофали во односот на големината на екранот и телото од 90 наспроти 10 отсто.

„Срцето“ на уредот, кој пристигнува во верзии со 4 или 6GB RAM и 64 или 128GB интерна меморија, е процесорот „Kirin 710“, кој има поддршка за „GPU Turbo 2.0“.

На задната страна на „Honor 10 Lite“ се наоѓа камера од 13MP (f/1.8), поврзана со секундарната камера од 2MP, која е наменета за „AI“ портрети и детекција на 22 различни „AI“ сцени. Предната „селфи“ камера има сензор од 24 мегапиксели со опција за фотографирање на „AI“.

Сензорот за отпечаток на прстот се наоѓа на задната страна на телефонот.

Уредот, кој го користи оперативниот систем „Android 9.0 Pie“ со „EMUI 9.0“ интерфејс, користи батерија од 3.400mAh.

„Honor 10 Lite“ ќе биде достапен во четири различни бои: „Midnight Black“, „White“, „Gradiant Blue“ и „Gradiant Red“. Цената во зависност од конфигурацијата ќе изнесува 200 и 270 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП