
„Ford“ ја искористи растечката популарност на крос верзиите на караван возилата во Европа, па на своите купувачи им го понуди моделот „Focus Active Wagon“.


„Ford“ ја искористи растечката популарност на крос верзиите на караван возилата во Европа, па на своите купувачи им го понуди моделот „Focus Active Wagon“.
Автомобилот е базиран на стандардниот караван, но со зголемено растојание од тлото и тоа за 30 mm напред и за 34 mm позади.

Нормално, тука и неизбежната заштита од пластични додатоци кои сочуваат лакот на долните делови од каросеријата (браниците и крилата) од удари од камчиња при возење по чакал и други неасфалтирани патишта.
„Focus Active Wagon“ има и различно дизајнирани браници и маска на ладиникот, а стандарден дел од опремата се шините на покривот и специјално дизајнираните алуминиумски бандажи.

Како и хечбекот „Focus Active“, и караванската верзија има различни навлаки на седиштата од регуларниот модел, а воланот и рачката од менувачот се обложени со кожа.
Покрај тоа, верзијата „Active“ доби и модифицирана суспензија, прилагодлива за возење надвор од асфалтираните патишта.

На возачот на располагање му се дури 5 пред-дефинирани режими на возење.
Покрај трите постоечки режими („Normal“, „Sport“ и „Eco“), кои се достапни и кај основниот „Focus“, воведени се и „Slippery“ и „Trail“, наменети за возење по калива подлога, снег, мраз и песок.

Моторизацијата на моделот „Focus Active Wagon“ се состои од два „EcoBoost“ турбо бензинци и два „EcoBlue“ турбо дизели.
Основниот бензинец е 1.0-литарски со 125 ks, a на располагање е и 1.5-литарски агрегат со 150 ks.

Оние кои ќе се одлучат за дизел мотор, можат да изберат помеѓу 1.5-литарската единица со 120 ks и 2.0-литарскиот агрегат со 150 ks.
Во понудата се и две опции на менувачи – шестбрзински мануелен и осумстепен автоматик. Погонот на сите 4 тркала не е достапен.