9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn планира големо намалување на трошоците

Foxconn планира големо намалување на трошоците

„Foxconn Technology Group“, најголемата компанија која го произведува „iPhone“, стана уште еден провајдер кој предупредува на слабата побарувачка на уреди. Документот од компанијата сугерира дека трошењето ќе биде намалено речиси за половина во следната година, објави „Bloomberg“.

„Foxconn“ планира да заштеди 20 милијарди јуани (2,9 милијарди долари) од трошоците за 2019-та година, бидејќи се соочува со „многу тешка и конкурентна година“, се наведува во внатрешниот документ разгледан од „Bloomberg“. Трошоците на компанијата во последните 12 месеци изнесуваа 206 милијарди тајвански долари (6,7 милијарди долари). Акциите на „Hon Hai Precision Industry“, како што „Foxconn“ е позната во Тајван и Азија, се зголемија на помалку од 1% пред почетокот на трговијата во Тајпеј.

„Таков преглед, како направениот од нашиот во оваа година, не се разликува од оние во претходните години“, посочува „Foxconn“ во е-мејл во одговор на барање на „Bloomberg“ за коментар. Тој имал за цел да и обезбеди на компанијата дека нејзините тимови и буџети „одговараат на сегашните и очекуваните потреби на нашите клиенти, нашите глобални операции и на пазарните и економските предизвици во наредните година или две“.

Бизнисот на „Foxconn“ со „iPhone“ ќе треба да ги намали трошоците со 6 милијарди јуани во следната година, а компанијата планира да ослободи околу 10% од технички вработените, се наведува во документот. Ова најверојатно ќе донесе понатамошна загриженост за добавувачите на „Apple“ и „iPhone“ – нејзиниот најважен производ. Минатата недела, четири добавувачи од три континенти ги намалија прогнозите за приходите поради слабата побарувачка. Слабата работа на овие компании во последниве денови се прошири на поширокиот пазар.

„Apple“ пак се насочи кон посакуваната територија во оваа недела, откако во средата нејзините акции ја завршија трговијата по цена која е за 24% пониска од максимумот во октомври.

„Foxconn“ произведува сè – од „iPhone“ до лаптопи на „Sony“ и конзоли „PlayStation“ во фабриките во Кина и во другите делови од светот. Компанијата е погодена од бавноста на пазарот на паметни телефони, додека затегнатите трговски односи меѓу САД и Кина доведуваат до дополнителна неизвесност на глобално ниво. Претходно овој месец, „Hon Hai“ објави профит од 12% под очекуваното ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП