26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei има нови проблеми

Huawei има нови проблеми

Првата од сите земји што му зададе главоболка на кинескиот гигант беа САД, кога им дадоа до внимание на операторите дека тие не треба да користат мрежна опрема на Huawei, пишува Mobilnisvet

Освен фактот што САД ги опоменаа компаниите што работат на територијата на САД, тие испратија писмо до земјите со кои имаат тесна соработка. По САД, слична одлука беше донесена и од Австралија.

Сепак, според најновите информации што се појавиле, ниту Германија не е далеку од слична одлука. Во Германијаа се очекува од следната година пуштање на 5Г мрежа, но некои министри од германската влада се обидуваат да извршат ревизија во последен момент.

Иако запирањето на развојот на 5G мрежата сигурно ќе значи дека германската економија ќе претрпи одредени загуби, но сепак се чини дека  Германија не е далеку од забрана за користење на мрежната опрема на Huawei. Како и САД и Австралија, Германија е загрижена за можноста за протекување огромни количини на податоци кои ќе добие “ривалската” нација – Кина.

Причината за загриженоста е кинескиот закон кој ги повикува сите нејзини граѓани да помогнат во собирањето податоци.

Huawei уште еднаш даде изјава дека кинеската влада никогаш не се мешала во бизнисот на Huawei и дека безбедноста на Huawei е секогаш на прво место, што е докажано со долгогодишното производство на безбедни производи што се користат во целиот свет, како и во Германија.

Huawei е најголемиот производител на телекомуникациска опрема што работи во Европа во моментов и тешко е да се замисли дека Германија ќе дозволи да го изгуби главниот снабдувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП