6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал дава 22 милиони за Игуаин

Арсенал дава 22 милиони за Игуаин

Gonzalo-Higuain-566x325

Арсенал е подготвен да го собори рекордот на клубот за најголема трансферна сума, откако ќе понуди 22 милиони фунти за да го купи напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин.

Според медиумите во Англија Аргенцитецот е подготвен да премине на „Емирати“ и веќе ги договорил личните услови и останува единствено двата клуба да се договорат. Од Реал му рекле на Игуаин дека нема да му прават пречки при понуда која ги задоволува потребите на „кралевите“, па во наредните денови од Арсенал ќе испратат официјална понуда.

Во прилог на кршење на трансферниот рекорд на клубот, кој го држи трансферот на Андреј Аршавин за кого беа платени 15 милиони фунти на Зенит, Арсенал е подготвен да го направи Игуаин најдоброплатениот фудбалер во тимот со неделна плата од 150 илјади фунти.

Арсен Венгер сакаше да го доведе Игуаин уште во 2006-та година, но тогаш Реал успеа да го украде фудбалерот на Ривер Плата.

„Топџиите“ и натаму имаат интерес за Вејн Руни и Стеван Јоветиќ, но трансферот на Игуаин се смета за реален.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП