29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.11.2018

Дневен хороскоп 19.11.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Недостигот на финансии ве тера да ја менувате филозофијата на животот и да се приспособувате кон ситуацијата. Очекувањата од партнерот ви се намалени. Тоа ретко се случува, но денес ќе морате сами да донесете одлука која ќе смени многу работи во вашиот живот. Колегите се однесуваат чудно и кај вас предизвикуваат променливи емоции.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес не знаете како да се поставите кон еден Лав кој ви е верен. Се плашите дали еден Рак, Вага или Лав ќе ви простат нешто што сте го кажале во афект. Добро се разбирате со еден Овен или Водолија кои ги поттикнуваат вашите амбиции, особено во доменот на спортот, медиумите или во некои професии во кои е потребно да покажете голема прецизност.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во текот на денот не донесувајте никакви значајни одлуки кои се однесуваат на партнерските односи, недвижнини или било кој друг облик на проширување на соработката. Во попладневните часови можете да добиете интересна деловна понуда. Соработката со Рак може да биде прилично дискутабилна.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе имате забележителни промени во однесувањето. Вашиот мирен и бавен пристап кон работите би можел да ги живцира луѓето околу вас. Не таложете негативна енергија во вас, исфрлете ја преку некоја физичка активност. Ова е еден од оние денови кога треба да се наоружате со насмевка и трпение.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Немојте да дозволите некој Рак или Стрелец да ве предомислат за нешто што сте намериле да го направите. Можете да се потпрете на својата проценка, особено ако ве интересира некоја соработка со Јарец или Стрелец, а транзитот на Венера и Марс ви носи нови деловни можности во доменот на уметноста, спортот или модата.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Променлив ден за вас, кога станува збор за психичката состојба. Денес би можеле да бидете нервозни без некоја посебна причина. Емоциите ќе ви бидат на исклучително високо ниво. Другите нама да имаат разбирање за вашиот начин на комуникација. Можно е да се случи некој директно да ви каже се што мисли за вас во лице.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Обидете се да го неутрализирате егото во комуникацијата со другите. Денес ќе бидете невообичаено осетливи и нервозни поради позицијата на Месечината и веројатно ќе се впуштите во расправија со другите. Вашата лутина може да биде резултат на вашите мали финансиски проблеми. Не навлегувајте во непотребни дебати со Лав.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Земајки ја во предвид позицијата на Месечината и Плутон ќе оставите позитивен впечаток на другите со својот ентузијазам, енергичност и силата на вашите мотиви. Ако им се спротивставите на соработниците, особено на Водолија или Овен ќе успеете да ги збуните да не знаат што сакале да кажат. Бидете тактични со некој Лав.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ова не е поволно време да ризикувате многу во работата, туку е поволно време да се повлечете малку настрана од кругот на пријатели. Некој кој ви е многу посветен ќе биде заинтересиран за вашата работа. Подготвени сте да бидете дел од нешто што може всушност да биде нов голем проект.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можете несвесно да ги провоцирате блиските лица. Потрудете се да се однесувате малку посвесно. Можно е да ви биде непријатно подоцна. Ако треба некого да го убедите во вашиот став тогаш би требало многу потактично да ја одиграте вашата улога.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Транзитот на Месечината преку Риби не носи ништо што е вредно за вашата лутина. Вие вашиот став ќе го изнесете толку јасно пред другите што некои можеби малку ќе бидат изненадени, особено оние кои секогаш ви биле поддршка. Нема да биде добредојден никој кој се обидува да ве одврати од главната цел.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можеби сте подготвени да се одморите, но новонастанатите околности ќе ве вратат повторно на работа. Вам тоа не ви пречи, ама му пречи на партнерот. Тој ќе почне да приговара и да ја користи својата способност за манипулација за да ве одвлече подалеку од работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП