28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСледниот Apple Watch ќе поддржува видео повици

Следниот Apple Watch ќе поддржува видео повици

„Apple Watch“ се стекна со голема многу популарност меѓу симпатизерите на паметни часовници, пред своите конкуренти во индустријата. Производителот се обидува да го усоврши својот производ, за тој се уште да е на врвот на топ листите.

Некои од патентите на „Apple“ ни даваат идеја што да очекуваме во иднина, иако иновацијата не е отворено потврдена од производителот.

На пример, „Apple“ се подготвува да престави „Apple Watch“ со две камери. На овој начин, корисникот ќе ја користи функцијата за видео повик, што е логичен чекор откако се интегрирани гласовните пораки.

Двете широкоаголни леќи ќе обезбедат удобна видео врска без потреба да го прилагодува уредот на корисникот.

Експертите не ја исклучуваат можноста за користење на други леќи со камера, што во голема мера ќе ги збогати функциите на паметниот часовник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП