26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNetflix тестира евтина верзија на својата услуга

Netflix тестира евтина верзија на својата услуга

Претходно во текот на неделата, главниот извршен директор на „Netflix“, Рид Хестингс изјави за „Bloomberg“ дека компанијата планира да тестира поевтина верзија на стриминг услугата.

Сега сме сведоци на првиот таков тест, објаснува „Engadget“. Во Малезија, компанијата нуди план само со пристап преку мобилен уред кој има месечна претплата од околу 4 долари. Како што се подразбира, ограничувањето е дека корисниците можат да ја гледаат содржината само на телефон или таблет и тоа во „SD“.

Портпаролот „Netflix“ потврди за „TechCrunch“ дека компанијата нуди слична опција во неколку други земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП