3 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрегзитот ќе го намали бројот на странци во Премиер лигата

Брегзитот ќе го намали бројот на странци во Премиер лигата

Клубовите што се натпреваруваат во англиската Премиер лига ќе расправаат за предлогот на Фудбалската асоцијација (ФА), поради бргзитот, да се намали бројот на странски фудбалери во клубовите.

Во моментот клубовите во Премиер лигата може да имат и по 17 фудбалери од странство, а планот на ФА е од 2020 година тој број да биде намален на 12. ФА смета дека со оваа мерка ќе се отвори повеќе простор за младите англиски играчи.

Во тековната сезона, дури 13 екипи имаат повеќе од 12 странски фудбалери во своите ростери.

Предлогот доаѓа како последица од одлуката на Велика Британија да излезе од Европската Унија.

За овој предлог клубовите ќе расправаат в четврток, а на состаникот треба да присуствуваат претставнци на сите клубови во Премиер лигата.

Една од точките на утрешниот состанок ќе биде и воведувањето на ВАР-технологијата во Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП