25 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот без Кари загуби од Клиперс, нова победа на Спарс (видео)

Шампионот без Кари загуби од Клиперс, нова победа на Спарс (видео)

ЛА Клиперс е екипата која му стави уште една сопка (трета во сезоната) на шампионот Голден Стејт. Имаа момците од Ел-Еј предност во најголем дел од средбата, но Клеј Томпсон со тројка успеа да обезбеди продолжение од пет минути.

Но во тој екстра дел Клиперси успеаја во она што не им појде од рака во регуларниот дел. Лу Вилијамс со 25. поени го предводеше победникот. Александер имаше 18 а Данило Галинари уште 14 поени.

Бадијала испадна и триб-дабл ефектот на Кевин Дурент од 33.поени, 11.скока и 10.асистенции Клеј Томпсон даде два помалку, но во играта на Вориорс и тоа како се чувствува неиграњето на Стеф Кари.

Се подобро се чини играат кошаркарите на Сакраменто кои славеа победа над Сан Антонио (104:99), осма за нив заедно со шест порази. Спарс пак се нешто полоши, имаат (7-5).

Шестмина играчи на Кингс имаа двоен број на поени. Најефикасен со 22.поени беше повратникот во тимот Богдан Богдановиќ, Дарон Фокс реализира 19, а Бади Хил уште 14… Во Сан Антонио најефикасен беше Демар Дерозен со 23.поени, Ламаркус Олдриџ имаше дабл-дабл од 14.поени и 18.скока.

Се чини дека најважната победа на вечерта ја имаа Њу Орлеанс. Пеликанс славеа во Торонто, каде доста ретко се победува, и тоа повеќе од убедливо (126:110).

Етаун Мур беше најефикасниот во победничкиот тим со 30.поени. Поен помалку додаде Џру Холидеј, кој имаше и 14.асистенции, додека Ентони Дејвис застана на 25.поени и 20.скока, плус и шест асистенции.

На другата страна пак најдобар беше се подобриот Паскал Сијакам со 22. поени, два помалку уфрли Каваи Ленард.

Победа на гости и за Филаделфија, во дуелот против Мајами (124:114). Феноменално одигра Џоел Ембид, кој освен 35.поени имаше и 18 скока и три асистенции. Со 25.поени го следеше Џеј-Џеј Редик, а одличен беше Фуркан Коркмаз кој реализираше 16.поени. На Мајами не му помогнаа ниту 22.поени на Драгич.

Минесота го победи составот на Нетс (120:113), а двојна загуба за Бруклин е тешката повреда на Карис Леверт пред крјаот на првото полувреме.

Јута победи на гости кај Мемфис (96:88), со помош на Французинот Руди Гобер и неговиот двоен ефект од 15.поени и 16. Скока, иако најефикасне беше Џо Инглс со 19.поени.

Пред своите навивачи Оклахома беше убедлива против аутсајдерот Феникс (118:101), а одличeн беше Пол Џoрџ, стрелец на 32.поени, плус осум скока и шест асистенции.

РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Орландо 117:109, Мајами – Филаделфија 114:124, Торонто – Њу Орлеанс 110:126, Чикаго – Далас 98:103, Мемфис – Јута 88:96, Минесота – Бруклин 120:113, Оклахома – Феникс 118:101, Сакраменто – Сан Антонио 104:99, ЛА Клиперс – Голден Стејт 121:116;

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП