12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн најави целосна реконструкција на тимот

Баерн најави целосна реконструкција на тимот

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, најавил целосна реконструкција во летниот преоден рок во 2019 година. Баерн од почетокот на сезоната игра во многу променлива форма и можно е на крајот да остане без шампионската титула. Без оглед на тоа, Хенес рекол дека тимот нема да се засилува во претстојниот зимски преоден рок.

„Сигурно е дека нема да бидеме активни на пазарот во јануари. Доволно е што пред Божик ќе се врати Кингсли Коман, а набргу подготвен ќе биде и Тијаго Алкантара“, рекол Хенес и ветил засилувања во летниот преоден рок.

„Наредното лето ќе бидеме многу активни на пазарот. Очекувајте големи промени, целосно ќе го смениме ликот на екипата“, вели тој.

Прашање е само дали Нико Ковач ќе добие шанса да го води новиот Баерн или Баварците ќе ангажираат и нов тренер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП