22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлокадата на Чендлер ги спаси Лејкерси, Харден експлодира, нов триумф за Милвоки...

Блокадата на Чендлер ги спаси Лејкерси, Харден експлодира, нов триумф за Милвоки (видео)

Херој во новата победа на Лос Анџелес Лејкерс беше центарот Тајсон Чендлер, кој го блокираше последниот обид на Треј Јанг за конечна победа против Атланта од 107-106. Тимот предводен од Лук Волтон за првпат оваа сезона стигна до позитивен биланс и врза три победи во низа.

Гостите бркаа негатива по лошата трета четвртина и на крај ја направија завршницата интересна, но „езерџиите“ издржаа до крај и не дозволија изненадување. Леброн Џејмс беше најефикасен кај победничката екипа со 26 поени и седум асистенции, а со 18 поени мечот го заврши Кајл Кузма.

Офанзивна експлозија изминатата вечер имаше Џејмс Харден, кој во триумфот над Индијана (115-103) постигна 40 поени и подели девет асистенции. Минатогодишниот финалист во Западната конференција игра непрепознатливо оваа сезона и е далеку од скорот од минатата година.

Брук Лопез го одигра својот најдобар меч оваа сезона и со 28 поени му помогна на Милвоки да слави уште една гостинска победа, овојпат кај незгодниот Денвер (114-121). Бакси претходно го совладаа шампионот Голден Стејт, а со игрите оваа сезона докажуваат дека ќе бидат проблем за секого во плеј-офот.

Интересен натпревар се одигра во Портланд каде домашните кошаркари го издржаа налетот на Бостон (100-94) во последната четвртина и стигнаа до победата број десет сезонава. Џејсон Татум и Кајри Ирвинг беа одлични, но не помогнаа да се избегне шестиот пораз за еден од фаворитите во Источната конференција.

Последниот меч заврши со убeдливо издание на Орландо во „Медисон Сквер Гарден“ кај Њујорк (89-115).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП