6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтерлинг потпиша нов договор, стана најплатениот англиски фудбалер

Стерлинг потпиша нов договор, стана најплатениот англиски фудбалер

Рахим Стерлинг потпиша нов тригодишен договор со Манчестер сити, со кој ќе остане на „Етихад“ барем до 2023 година, уништувајќи ги надежите на Реал Мадрид дека ќе го убеди да се пресели во Шпанија.

Стерлинг со богатиот нов договор ќе заработува 300.000 фунти неделно или 15 милиони фунти од сезона. Сити подолго време се обидуваше да го обврзе 23-годишниот англиски репрезентативец да остане подолго во клубот.

„Пресреќен сум што потпишав нов договор бидејќи тука станав подобар фудбалер. Ова е вистинскиот клуб за мене и го знаев тоа во истиот момент кога дојдов. Секоја сезона сакаш да си подобар и мислам дека оваа година ќе успеам во тоа“, вели Стерлинг.

Стерлинг дојде во Сити од Ливерпул во 2015 година, минатата сезона имаше 23 гола и 17 асистенции во 46 меча, а оваа сезона веќе има седум гола во 14 меча.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП