11 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул на продажба, се чека понуда од над 2 милијарди долари

Ливерпул на продажба, се чека понуда од над 2 милијарди долари

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул набргу може да се најде на пазарот кога американскиот сопственик, милијардерот Џон Хенри, најавил дека е подготвен да ја предаде контролата на клубот од „Енфилд“.

Хенри, кој исто така е сопственик на бејзбол-тимот, Бостон ред сокс (кој ја освои светската серија оваа сезона), според „Њујорк пост“, е во процес на пасивна продажба на клубот, што значи дека е отворен за понуди што ќе ја надминат сумата од 2 милијарди долари.

Ливерпул јавно постојано тврди дека не е на продажба, а сумата од 2 милијарди долари се гледа како прениска за клуб со ваква традиција. На „Енфилд“ би биле пресреќни да влезат инвестиции во клубот, но под контрола на Групацијата Фенвеј спортс .

69-годишниот Хенри честопати е виден на „Енфилд“ во осумте години од кога го купи клубот за 366 милиони фунти, а беше и на финалето на Лигата на шампионите, во кое неговиот клуб загуби од Реал Мадрид.

Оваа вест доаѓа неколку месеци откако британските медиуми тврдеа дека братучедот на сопственикот на Манчестер сити, шеикот Мансур, дал понуда од 2 милијарди фунти, но бил одбиен. Шеикот Халед бин Заед ал-Нехајам, член на кралското семејство на Абу Даби, можеби не го поседува богатството на Мансур, но е еден од најуспешните бизнисмени во Обединетите Арапски Емирати.

Шпекулациите за продажба на Ливерпул исто така доаѓаат по многубројните најави дека и Челси е на пазарот откако рускиот милијардер Роман Абрамович не успеа да добие британска виза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП