29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.11.2018

Дневен хороскоп 09.11.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекува пријатно изненадување. Би било добро да им посветите повеќе внимание на членовите од семејството. Имате поддршка од лицата на положба и оние кои се способни да ви излезат во пресрет за многу важни прашања. Чувајте се од настинка, можна е компликација.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вие единствено ќе почувствувате добра деловна прилика, која сте ја исчекувале долго време. Некој е љубоморен на вашите способности. Многу бурен љубовен живот, особено ако се занимавате со работа поради која често патувате. Здравјето ви е добро.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Загрижувачки се вашите лоши деловни односи. Исклучително сте романтични и подготвени да се впуштите во мирните води или да се занимавате со децата повеќе од кога било, доколку ги имате. Постои можност да се појави некое непријатно лице од вашето минато.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Иницијативни сте и остроумни. Сега вашата кариера добива некој конкретен правец кој ќе ви овозможи да се издигнете во прв план. Можна е нова деловна понуда. Партнерот е некој на кој секогаш можете да се потпрете. Здравјето ви е солидно.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ве оптеретува тоа што немате добра соработка со претпоставените. Сепак, имате на кого да се потпрете и смирено да го прифатите тоа што судбината ви го одредила. Вие сте романтични, комуникативни и подготвени за нови случувања.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Преземете одговорност за се што ви се нуди. Подобро е да почекате поповолен момент за било што ново. Се повлекувате во својот свет, го занемарувате партнерот. Проблеми со органите за варење, променете го начинот на исхрана.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се да размислувате позитивно.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ваша предност е што секогаш наоѓате начин да излезете од лошата материјална ситуација. Не е момент премногу да се нервирате ако работите тргнат на лошо во врска со надежите кои сте ги имале во едно лице. Не водите сметка за своето здравје.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе почувствувате вистинска деловна шанса. Добро внимавајте вашиот деловен партнер да не ве изневери во нешто. Во љубовта сте прилично нетактични и не сте склони на компромиси во односот со партнерот. Нервозни сте и оптеретени со здравјето.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Сакате да промените многу во својот живот. Ако градите кариера, можете да очекувате успех во секој вид на дејност. Ве очекува авантура со воден знак и со некој кој е подеднакво амбициозен како и вие. Омалаксани сте и уморни.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Енергични сте и подготвени за акција. Не се плашете да побарате помош од блиските пријатели. Можна е понуда за добро платено работно место. Ако сте слободни, имате голема можност за избор кога станува збор за љубовта.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Во овој ден ве очекува да вложите многу труд и упорност за да ја промените ситуацијата како на работа така и во љубовта. Добро внимавајте вашиот деловен партнер во нешто да не ве изневери. Во љубовта сте прилични нетактични. Можен е зголемен крвен притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП