18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа „Фејсбук“ и „Месинџер“ пораките ќе можат да се бришат неколку минути...

На „Фејсбук“ и „Месинџер“ пораките ќе можат да се бришат неколку минути по испраќањето

Kaj апликацијата „Ватсап“ одамна постои опција за бришење на веќе испратена порака, a некое време тоа е можно да се направи и со е-поштата на gmail.

Наскоро „Фејсбук“ и „Месинџер“ треба да ја претстават истата опција, која ќе биде достапна само неколку минути по испраќањето на пораката. Оваа можност, како што пишува Techradar, ќе биде достапна во следните 10 минути по испраќањето на пораката.

Апликацијата „Месинџер“ и социјалната мрежа „Фејсбук“ во рамките на профилот на секој корисник ќе овозможат бришење на пораките во рок од 10 минути откако ќе бидат испратени. Оваа опција беше многу дебатирана, откако се откри дека Марк Цукерберг ја имал отсекогаш.

Опцијата ќе биде овозможена за корисниците во етапи, а сите би требало да ја имаат до крајот на ноември. Првата верзија на апликацијата „месинџер“, во која ќе биде овозможено бришењето на испратени пораки е Messenger v191.0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП