13 декември, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал и Adidas пред рекорден договор

Реал и Adidas пред рекорден договор

13-кратниот освојувач на Лигата на Шампионите и 33-кратниот првак на Шпанија, Реал Мадрид се очекува наскоро да го финализира новиот спонзорски договор со „Adidas“.

Според на информации од „Marca“, производителот на спортска опрема ќе му плати на тимот од Мадрид износот од 1,1 милијарди евра во следите 10 година.

Тоа значи дека Реал ќе добива по 110 милиони евра годишно, што е повеќе од 2 пати над договореното од претходниот договор меѓу двете страни, во вредност од 52 милиони евра.

Новинарот од „Marca“, Карлос Каприо дополнува: „За споредба, договорот меѓу „Nike“ и „NBA“ e во вредност од 1 милијарди долари за осум години. Тоа е 125 милиони долари годишно, или 110 милиони евра, се распределуваат од сите тимови во лигата, а тоа е истата сума која „Adidas“ ќе ја плати на Реал“.

Збирот сепак може да достигне и до 150 милиони евра годишно поради други клаузули во договорот, како и при подобра од очекуваната продажба на облека и додатоци со брендот на компанијата.

„Adidas“ е спонзор на Реал од 1998-ма година, откако претходно беше нивен партнер и за време на периодот од 1981-ва до 1986-та година.

Новата договор не само што ќе му помогне на претседателот Флорентино Перез во неговиот план за реновирање на клупскиот стадион, но и ќе додаде милиони долари при доведување нови играчи во тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП