4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИско се двоуми меѓу Сити и Реал

Иско се двоуми меѓу Сити и Реал

isko

Младиот играч на Малага, Иско потврди дека за него се заинтересирани Реал Мадрид и Манчестер Сити.

„Има две понуди кои пристигнаа на мојата адреса. Се надевам дека наскоро ќе одлучам што ќе правам со мојата кариера. Знам дека Сити и Реал се големи клубови. Сакам се што ќе се случи да биде добро за мене, но и за Малага“, изјавил Иско за шпанските медиуми.

Новиот тренер на Манчестер Сити работеше со Иско во Малага и е еден од најзаслужните за неговиот голем напредок.

„Го познавам Пелегрини, знам како работи. Тој беше клучен за напредокот на мојата кариера“, истакнува младиот Шпанец.

Но тој додава дека соиграчите од шпанската репрезентација до 21 година, Мората и Кравахал кои се членови на „кралевите“ го убедуваат тој да потпише за тимот од Мадрид.

„Мората и Кравахал сакаат да ме наговорат да играм следната година со нив, но сепак наскоро ќе биде се познато“, заклучи Иско.

Тој во минатата сезона постигна девет голови во Примера за тимот на Малага, а беше и еден од клучните играчи за упехот на екипата во Лигата на шампионите каде несреќно беа елиминирани од Борусија Дортмунд во четврфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП