28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот модел на брендот Cupra ќе се нарекува Terramar?

Првиот модел на брендот Cupra ќе се нарекува Terramar?

„Cupra“ на почетокот на 2018-та беше одвоен како посебен под-бренд на „Seat“, а првиот модел на овој бренд би требало да биде купе-кросовер за кој се шпекулира дека ќе се нарекува „Terramar“.

По најавата дека првиот самостоен „Cupra“ модел ќе биде кросовер, шпански „Autofacil“ објави на почетокот на септември прва фотографија од тоа возило во ниска резолуција.

Два месеци подоцна, британски „AutoExpress“ пишува дека „Seat“ го заштитил комерцијалното име „Terramar“, кое би требало да биде за првиот модел на „Cuprа“.

Името потекнува од некогашната тркачка патека покрај Барселона (Autodromo de Sitges-Terramar) која е издрадена во 20-тите години од минатиот век. Со оглед дека „Seat“ ја негува традицијата своите модели да ги нарекува по шпански географски поими, па ако првиот модел на „Cuprа“ навистина го добие името „Terramar“, истата практика би била продолжена и преку автомобилит на овој спортски под-бренд.

„AutoExpress“ наведува дека „Cupra Terramar“ ќе биде купе верзија на најголемиот „SUV“ модел на „Seat“, „Tarraco“. Aвтомобилот би имал мотор од преку 300 „коња“, а моќта ќе се пренесува на двете осовини преку автоматскиот менувач со двојно квачило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП