26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали е ова навистина Galaxy S10?

Дали е ова навистина Galaxy S10?

Латвиски дизајнер Бенџамин Гескин, објави на „Twitter“ фотографии од премиум смартфонот „Samsung Galaxy S10“.

Фотореалистичната слика го демонстрира можниот дизајн на поголемиот модел „Galaxy S10“,  базирајќи се на последните гласини. Втората слика ги споредува екраните на „Galaxy S10“ со „Galaxy S9“ и „iPhone Xs Max“.

Како што се очекуваше, во „Galaxy S10“ корејскиот производител не оставил голем отвор на екранот. Според претходните гласини, моделот ќе биде претставен во три верзии – секоја од нив ќе биде конкурент на „iPhone XR“, „iPhone XS“ или „iPhone XS Max“.

Помалата верзија „Galaxy S10 Lite“ (SM-G970x) ќе биде конкурент на „iPhone XR“. Таа ќе добие рамен 5,8-инчен дисплеј, скенер на отпечатоци на страницата и 4G модем. Неговата цена ќе изнесува 750 долари.

Стандардната верзија „Galaxy S103 (SM-G973x) ќе се натпреварува со „iPhone XS3. Таа е „вооружена“ со 5,8-инчен дисплеј со заоблени краеви, скенер за отпечатоци кој е интегриран во екранот, 5G модем, минимум 128 GB внатрешна меморија. Можно е да има верзии со 256/512 GB. Моделот ќе чини околу 1.000 долари.

За возврат „Galaxy S10 Plus“ (SM-G975x) ќе се соочи со „iPhone XS Max“. Тој е опремен со 6,4-инчен дисплеј со заоблени краеви, скенер на отпечатоци кој е интегриран во екранот, 5G модем, минимум 128 GB внатрешна меморија и повторно опција за 256/512 GB. Неговата цена ќе изнесува 1.100 долари.

Официјалниот деби на серијата смартфони „Samsung Galaxy S10“ ќе биде на 24-ти февруари. Тогаш се одржува саемот „MWC 2019“ во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП