3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТриумф на Њујорк во Далас, Торонто тешко со Феникс (видео)

Триумф на Њујорк во Далас, Торонто тешко со Феникс (видео)

Оклахома Тандер убедливо славеше над Вашингтон Визардс 134:111, Њујорк Никс изненадувачки триумфираше во Далас, Торонто Репторс се провлекоа против Феникс Санас, победи запишаа и Индијана, односно Мемфис.

Оклахома во втората четвртина ги декласира Визардс (44:20), што беше клучно за триумфот на Тандер во престолнината на САД. Блескаа Расел Вестбрук со 23 поени и 12 асистенции, односно Џереми Грант со 22 поени. Кај домаќинот се истакнаа Бредли Бил со 27 и Двајт Хауарад со 20 поени.

Њујорк победи во Далас 118:106, а решавачка за конечниот победник беше третата четвртина во која Никс акумулираа 15 поени предност. Алонзо Трир со 23 коша го предводеше победникот. Денис Смит за Далас уфрли 23 поени, а Лука Дончиќ постигна 18 коша на кои придодаде девет скока и шест асистенции.

Индијана минимално славеше во Чикаго 107:105, додека Мемфис Гризлис беа подобри од Јута Џез 110:100.

Торонто Репторс со многу труд стигнаа до победата над Феникс 107:98. Дури во последната четвртина Репторс го скршија отпорот на младиот тим на Санас. Каваи Ленард забележа 19 поени, шест скока и пет асистенции за Торонто, а ист број на поени кај Феникс реализираше Ајзеа Канан.

Минесота одигра одлични три четвртини, кои не и беа доволни за да ги изненади шампионите од Оукленд. Голден стејт Вориорс на крајот ги победија Тимбервулвс 116:99.

Последната четвртина играчите на Голден стејт ја добија со 33:12. Кевин Дурент постигна 33, а Стеф Кари 28 поени за Вориорс, а на другата страна најпрецизен беше Ендрју Вигинс со 22 коша.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП