24 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.11.2018

Дневен хороскоп 02.11.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Одговорностите ви го насочуваат патот по кој ќе треба да се движите. Соработниците ќе ви бидат проблематични. Луѓето ќе бараат совети и одговори од вас, затоа бидете подготвени за нови предизвици. Оставате повеќе простор и време за да дознаете повеќе информации. Некоја нова информација ќе го разбранува вашето срце.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес планетите ќе ви донесат одредена нестабилност. Тоа ќе влијае и на вашите односи со партнерот или блиските, што може да доведе до несакани ситуации кои ќе ви се вратат. Затоа, бидете внимателни кон оние што ви значат. Иако на работа не оди се како што посакувате, стрпете се малку и покажете повеќе почитување кон вашите работници и соработници.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се обидувате да се сокриете и да не ги извршите работните задачи, но време е да се пробудите и да започнете со работа. Денес имате можност да се сретнете со некои поранешни соработници кои ќе ви понудат одлична можност за остварување на дополнителен профит. Но внимавајте, најпрвин консултирајте се со партнерот. Љубовта овој период ќе ви биде на највисокото ниво.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Влегувањето на Месечината во знакот на Лав во вечерните часови значи дека ќе добиете добар совет од колегите или од некој кој го сметате за исклучително добар пријател. Соработката со млади жени ќе ви донесе добивка, особено доколку станува збор за некоја од знакот на Бик или Водолија.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Целата ваша енергија сте ја насочиле кон деловниот успех. Потребна ви е практична организација на работата и се ќе направите како што треба. Внимавајте малите пречки на работа да не ве изнервираат со цел да не ви го нарушат вниманието. Овој ден е доста продуктивен, ќе завршите многу нешта.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате силна потреба да бидете со својот партнер. Барате големо внимание, но некако се чувствувате игнорирани. Ако не сте во врска, бидете храбри и направете го првиот чекор кон оној кој ви се допаѓа. На деловен план избегнувајте ги инстант одлуките, може скапо да ве чинат.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не ги одбивајте советите и помошта кои ви се неопходни, само затоа што сакате да се покажете како супериорни и способни се сами да решите. Ќе ви биде од голема корист личност родена во знакот на Рак или Бик. Вечер ќе ви дојдат гости. Ако ви се допаѓа личноста со која имате деловен однос, внимавајте да не ги надминете дозволените граници.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можно е да си направите големи трошоци купувајќи нешто што реално не ви е потребно. Обидете се да бидете пореални кога станува збор за финансиите. Денот е поволен за оние кои прават реални планови и кои не се со никој во конфликт, во спротивно очекувајте кавги.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Верувате дека лесно можете да се прилагодите на новите услови за работа, кои најверојатно сами ги одредувате. Многумина не се подготвени да ве следат, особено не еден Лав, Рак или Риба. Можна е вест за пари од некој во кој немате многу доверба или не знаете на што сте со него.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Очекувате од еден Стрелец, Вага или Бик да ви излезат во пресрет кога станува збор за ангажирање со некоја работа за која не сте сигурни дека ќе биде навремено платена. Некој ќе ви даде хонорарна работа или ќе ви даде ветување дека ќе се обиде да ве вработи во банка или во некоја друга финансиска институција.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Немојте да бидете претерано самоуверени особено кога станува збор за работа со некој Рак или Бик. Ова би можел да биде за вас еден од подобрите денови ако сте добар тактичар и ако се обидете да ги разберете и другите. Можно е непријатно да ве изненади барањето од работодавецот да останете подолго на работа или дополнително да се ангажирате за некој проект.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе имате можност да се видите со некој кој доаѓа од странство. Верувате дека таа личност ќе ви помогне да ги решите вашите приватни проблеми. Ќе ви биде потребна поголема тактика за да се извлечете од проблемите. Не навлегувајте во непотребни расправии со воздушните знаци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП