28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот флексибилен фаблет на светот (фото+видео)

Првиот флексибилен фаблет на светот (фото+видео)

Флексибилите телефони штотуку станаа реалност. Компанијата од Калифорнија која се нарекува „Royole“ го претстави „FlexPai“ – првиот флексибилен мобилен уред на светот.

Кога е целосно „отворен“, „FlexPai“ e 7,8-инчен таблет со однос на страните 4:3. A кога е поклопен, големината на екранот е околу 4-инчи.

Станува збор за „AMOLED“ екран кој може да се преклопи на средината, така што неможе тоа да се случи на некој друг начин.

Неговиот софтвер, наречен „Water OS“ (под кој функционира „Android“), препознава кога корисникот ќе го направи тоа, па тогаш исклучува половина од екранот и прикажува содржини само на едната половина која се користи во тој момент.

На едната половина корисникот има на располагање поголем екран, па логично е да ја користи токму на таа. Причина за тоа е што на другата половина се наоѓа „dual“ камери од 16 + 20 мегапиксели, од кои другиот сензор е телефото тип, па така уредот би требало да има сосема пристојни можности кога станува збор за фотографирање и снимање.

Кога е расклопен, дебелината на „FlexPai“ изнесува само 7,6 милиметри. Меѓутоа, кога ќе се преклопи, дебелината е од 15,2 милиметри, затоа што не може да се преклопи во целост.

Шарката која овозможува преклопување е декларирана на 200.000 пати, па малку е веројатно дека корисниците ќе имаат проблеми со неа во текот на користењето.

Уредот го користи чипсетот – 7-нанометарски „Snapdragon 8150“. Во основната конфигурација, „FlexPai“ се испорачува со 6GB RAM и 128GB простор за складирање податоци. Другите конфигурации вклучуваат 8/256 и 8/512GB.

Уредот поддржува „Ro-Charge“ технологија за брзо полнење, која е во состојба за еден час да ја наполни батеријата од 0 до дури 80 отсто.

„Royole FlexPai“ засега е претставен само во Кина, а почетната цена на уредот изнесува 9.000 јуани, односно околу 1.300 долари. Со други зборови, уредот е рангот на топ-моделите на „Android“ телефони кои ги немаат споменатите карактеристики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП