3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелси е заинтересиран за Сусо

Челси е заинтересиран за Сусо

Челси во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да го реализира трансферот на фудбалерот на Милан, Сусо, објавија во средата италијанските медиуми.

Доколку „сините“ успеат да ги остварат своите намери, тогаш Сусо по три години повторно ќе се врти во Англија. Шпанецот од 2010 до 2015 година беше во Ливерпул, но во овој клуб никогаш не добил шанса да ги покаже своите квалитети.

Вниматието врз себе овој 24-годишен фудбалер го привлече откако се пресели во редовите на Милан. Сезонава тој е најдобриот играч на Милан. Директно влијаел во постигнувањето на десет од 11-те гола на Милан во Серија. Сусо има ефект од три гола и седум асистенции.

Според шпекулациите, Челси бил подготвен за услугите на Сусо да понуди 40 милиони евра, колку што изнесува клаузулата за откуп на неговиот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП