22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНе оди без Харден, нов пораз на Хјустон (видео)

Не оди без Харден, нов пораз на Хјустон (видео)

Финалистите во Западната конференција во минатата сезона, Хјустон Рокитс, продолжија со лошите изданија од почетокот на новата сезона. Хјустон има само една победа во првите шест натпревари, а четвртиот пораз во низа го доживеаја измината ноќ од Портланд 104:85.

Хјустон, без повредениот Џејмс Харден, немаше шанси во натпреварот против Портланд. Гостите, во третиот период, стекнаа предност од 28 поени, со што и го решија прашањето на победникот.

Портланд до победата го предводеа Демијан Лилард и Јусув Нуркиќ со по 22 поени. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина имаше и десет скока.

Во отсуство на Харден, Крис Пол беше најефикасен кај Хјустон со 17 поени, а Клинт Капела оствари 14 поени и исто толку скокови.

Бостон Селтикс против Детроит Пистон славеа 108:105 и го забележаа третиот триумв во низа, петти во седмиот меч сезонава. Блескаше Кајри Ирвинг со 31 поени и по пет скока и асистенции. На спротивната страна Блејк Грифин уфрли 24 поени, имаше и 15 скока.

Торонто Репторс ги декласираа колегите од Филалдлефија 129:112. Торонто е на седум победи и еден пораз, додека Филаделфија на четири победи и исто толку порази.

Каваи Ленард постигна 31 поен, а Литванецот Јонас Валанчунас реализира 23 поени. Филадлефија ја предводеше Џоел Ембид со 31 поени и 11 скока.

Резултати:
Шарлот Хорнетс-Мајами Хит 125:113
Кливленд Кавалирс-Атланта Хокс 136:114
Орландо Меџик-Сакраменто Кингс 99:107
Мемфис Гризлис-Вашингтон Визардс 107:95
Оклахома Тандер-ЛА Клиперс 120:110

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП