24 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.10.2018

Дневен хороскоп 31.10.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате премногу желби и премалку прилики за нивно остварување. Вашите амбиции не се мали, но околностите ќе ве наведуваат на неопходна соработка со другите. Времето е добро за планирање на нови потфати, но реализацијата можеби малку ќе почека. Немојте да бидете нетрпеливи.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Како што ќе одминува седмицата ќе забележите дека станувате се покреативни. Поради тоа ќе почнете да работите со повеќе задоволство. Вашите идеи ќе бидат добро прифатени од страна на помладите колеги. Некои ќе добијат можност за настап или презентација пред публика.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Љубовното секојдневие еден ден ќе ви се чини како од бајка, а веќе другиот ден ќе ви биде здодевно. Оние што се во врска ќе треба подобро да балансираат. На работното место одлично ќе се снаоѓате. Некои ќе се покажат како добри советници, а своето знаење лесно ќе го применат во пракса. Малите несогласувања во комуникацијата ќе бидат со краткотраен карактер.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се трудите да добиете на време кога станува збор за донесувањето на одлука во врска со некоја нова работа поврзана со некоја Девица. Добро се чувствувате во друштво на некое лице кое ве поттикнува уште повеќе да работите и успеете. Овој ден ќе ви биде нагласена нетрпеливоста, внимавајте да не навлезете во некоја кавга. Во попладневните часови со радост ќе уживате во домашните услови заедно со саканата личност.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не се нервирајте бидејќи новата работа не тргнала во посакуваниот правец. Некој Бик ќе ви подари одлични совети кои уште веднаш можете да ги примените. Некој ќе биде сериозен во намерите да ве убеди дека грешите, но не му обрнувајте внимание. Потешкотиите во емотивниот живот решете ги со отворен разговор.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Месечината во Водолија ви носи одлична можност за успех во работата со некој Бик или Рак. Финансиските теми денес ќе ви бидат во преден план. Бидете подготвени да преземете неколку клучни чекори. Потребно е да се сретнете со некој Јарец или Бик. Постои можност за кратко патување.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ова би можел за вас да биде активен ден во кој од вас ќе се очекува да преземете иницијатива кога станува збор за разработка на некој нов проект на работа. Ќе бидете под стрес бидејќи ќе бидете принудени да донесете брзи и точни одлуки. Обидете да се смирите и побрајте совет од некоја Шкорпија. Променливото расположение негативно ќе влијае на љубовта.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денот е поволен поради транзитот на Сонцето кое вас ве поттикнува да барате некои нови решенија за своите проблеми, особено ако на работа ви е потребна инспирација. Поголеми оптимисти сте во однос на претходните денови иако имате многу незавршени обврски. Имате впечаток дека некој е подготвен да го прекрши договорот со вас и да ве изневери.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Транзитот на Меркур и Месечината ќе ве направат нетрпеливи и колебливи, а вашите соработници ќе бидат себични но и недоволно мотивирани. Претераната дискреција и извесната доза на таинственост ќе ви донесат лоши и неочекувани моменти. Имате впечаток дека некој работи против вашите интереси.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во очекување сте на вест од некој кој неодамна сте го сретнале и сте разговарале за некоја важна работа. Некој Рак или Шкорпија ќе се заинтересираат за вашите идеи. Во моментов малку работи се случуваат во ваша корист, не се грижете, се ќе помине во најдобар ред. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој друг Јарец.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Со право се сомневате во некој пријател кој од неодамна се завртел кон интересите на некоја Вага или Стрелец. Ќе чувствувате немир а вашето расположение ќе биде променливо. Транзитот на Месечината ви носи можности за преговори за некоја нова работа од која очекувате добра заработка. Ќе ви помогнат некои Близнаци или Девица.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Верувате дека имате позитивно влијание на некое лице со кое често соработувате, можно е да станува збор за некоја Водолија. Кај вас денес исклучително е нагласена комуникацијата со странци. Обидете се да направите добар избор во тешките ситуации, односно да го изберете полесниот пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП