22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈута победи во Далас, дебакл на Вашингтон, прва победа за Оклахома (видео)

Јута победи во Далас, дебакл на Вашингтон, прва победа за Оклахома (видео)

Кошаркарите на Јута победија во Далас, ЛА Клиперс го декласира Вашинтон, Оклахома победи првпат во новата сезона, а Голден стејт триумфираше во Бруклин, ова е епилогот од натпреварите што во текот на изминатата ноќ се одиграа во НБА-лигата.

Јута во целост го контролираше дуелот во Далас, неколкупати имаше двоцифрена предност, а откако во третиот период го одби нападот на домаќинот, запиша рутинска победа.

Јута во Далас победи 113:104 благодарение на Руди Гобер (23 поени, 16 скока) и Донован Мичел (20 поени). Далас го предводеше Денис Смит јуниор со 27 поени, а пет поени помалку постигна Весли Метјуз.

Оклахома, во петтиот меч, првпат победи во новата сезона. Тандер, во чии редови Расел Вестбрук постигна 23 поени, а Нерленс Ноел имаше ефект од 20 поени и 15 скока, славеше над Феникс 117:110. Феникс остана на една победа, а против Оклахома загуби петти пат во низа. Деандре Ејрон, првиот пик на драфтот, го предводеше тимот со 16 поени и 11 скока.

ЛА Клиперс убедливо славеше во дуелот со Вашингтон Визардс 136:104. Тобијас Херис со 21 поен и 11 скока ги предводеше победниците, а треба да се истакне и ефектот на српскиот центар Бобан Марјановиќ, кој за 11 минути на теренот забележа 13 поени и девет скока.

Актуелните шампиони Голден сјет во Бруклин славеа против Нетс 120:114. Стеф Кари мечот го заврши со 35 поени, 24 од нив постигна во првиот дел, а го следеше Кевин Дурент со 34 поени и осум скока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП