12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПарична казна за Бејл поради даночно затајување

Парична казна за Бејл поради даночно затајување

Герет Бејл е уште еден од низата познати фудбалери што не платиле данок во Шпанија. Напаѓачот на Реал Мадрид го прекршил законот бидејќи во 2013 година не го пријавил целиот приход остварен од продажбата на фотографиите со неговиот лик.

Бидејќи го прекршил законот, Бејл е казнет парично со 337.000 евра. Велшанецот не платил данок во износ од 200.000 евра, а покрај тоа, ќе мора да плати казна од 100.000 евра и камата од 37.000 евра.

„Ел мундо депортиво“ пишува дека случајот на Бејл не е ист како оние на Меси, Роналдо, Модриќ… туку дека се работи за недоразбирање, а не за намерно даночно затајување.

Шпанските даночни власти во изминатиот период парично ги казнија Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Лука Модриќ, Фабио Коентрао, Радамел Фалкао, Нејмар, Марсело, Алексис Самчез и Жозе Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП