1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Нова европска „хаварија“ на Милан, Динамо и Арсенал со „совршен“ скор

ЛЕ: Нова европска „хаварија“ на Милан, Динамо и Арсенал со „совршен“ скор

Милан го забележа првиот пораз во Лига Европа во оваа сезона, откако инспирираниот Реал Бетис успеа да слави со 2:1 на гостувањето на „Сан Сиро“ за да ја преземе контролата во групата Ф.

Поразот за „росонерите“ доаѓа по триумфите на гости кај Дуделанж и дома против Олимпијакос, и е втор во низа за тимот на Џенаро Гатузо по за нив несреќниот пораз во градското дерби од Интер. Антонио Санабрија во првото и Џовани Ло Селсо во второто полувреме го совладаа Донарума за победата. Патрик Кутроне во финишот успеа да го намали поразот.

Во Лисабон, пак, Арсенал ја продолжи неверојатната низа на 11 победи во сите натпреварувања откако Дени Велбек во 77. минута донесе 1:0 победа над Спортинг Лисабон. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски излезе од игра на стартот на второто полувреме поради повреда на задната ложа, но се надеваме дека не се работи за посериозен проблем.

Совршени во Лига Европа се и Динамо Загреб откако „модрите“ се вратија од гол негатива во второто полувреме за 2:1 победа на гостувањето кај Спартак Трнава. Во истата група, Фенербахче имаше свој кам-бек за 2:2 реми на гостувањето во Белгија кај Андерлехт во меч во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 87 минути.

Лацио стигна до 3:1 победа на гостувањето кај Марсеј за да се врати по поразот од Ајнтрахт и да ги задржи шансите за пласман понатаму по третото коло од Лига Европа. Во истата група, Франкфурт стигна до 2:0 победа над Аполон за да го задржи максималниот ефект по три кола.

Волас и Саиседо донесоа 0:2 предност за Лацио во јужна Франција, пред во финишот на натпреварот Димитри Паје да намали на 1:2, а Марушиќ да ги постигне конечните 3:1 за импресивна победа.

Челси исто така стигна до третата победа во третиот меч во ЛЕ, откако со 3:1 ги совлада БАТЕ на домашен терен благодарение на хет-трикот на Рубен Лофтус-Чик, кој експлозивно го стартуваше мечот со два гола за само осум минути. Во групата Л, МОЛ Види на нашиот Бобан Николов направи мал подвиг победувајќи го ПАОК во Солун со 2:0.

Шпанските клубови „начекаа“ послаби противници и стигнаа до големи победи. Вилјареал со 5:0 ја потопи Рапид Виена, додека Севилја со 6:0 го декласираше турскиот Акхисар.

ЛИГА ЕВРОПА, 3.КОЛО

ГРУПА Г

Ренџерс – Спартак Москва 0:0

Вилјареал – Рапид Виена 5:0

Табела: 1. Вилјареал 5, 2. Ренџерс 5, 3. Рапид 3, 4. Спартак М. 2

ГРУПА Х

Ајнтрахт Франкфурт – Аполон 2:0

Марсеј – Лацио 1:3

Табела: 1. Ајнтрахт 9, 2. Лацио 6, 3. Марсеј 1, 3. Аполон 1

ГРУПА И

Бешикташ – Генк 2:4

Сарпсборг – Малме 1:1

Табела: 1. Генк 6, 2. Сарпсборг 4, 3. Малме 4, 4. Бешикташ 3

ГРУПА Ј

Севилја – Акхисар 6:0

Стандард Лиеж – Краснодар 2:1

Табела: 1. Краснодар 6, 2. Севилја 6, 3. Стандард Л. 6, 4. Акхисар 0

ГРУПА К

Јаблонец – Астана 1:1

Рен – Динамо Киев 1:2

Табела: 1. Динамо К. 5, 2. Астана 5, 3. Рен 3, 4. Јаблонец 2

ГРУПА Л

Челси – БАТЕ Борисов 3:1

ПАОК – МОЛ Види 0:2

Табела: 1. Челси 9, 2. ПАОК 3, 3. МОЛ Види 3, 4. БАТЕ 3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП