17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple следната година ќе ја пушти својата видео-стриминг услуга

Apple следната година ќе ја пушти својата видео-стриминг услуга

Телевизиската стриминг услуга која ја подготвува „Apple“ ќе биде претставена во првата половина од следната година, објави „The Wing“.

Првично таа ќе е достапна во САД, а неколку месеци потоа и во над 100 други држави. Услугата ќе се натпреварува со „Amazon Prime Video“ и „Netflix“, а ќе вклучува микс од оригинални продукции, пристап до надворешните услуги и опција за зачленување кон пакети со канали.

Компанијата се обидува да влезе во оваа сфера повеќе години, но досега не успеваше поради сложените договори за лиценца со медиумските конгломерати.

Телевизиската услуга ќе биде бесплатна за сопствениците на „iOS“ уредите. Од друга страна, веројатно нема да бидат достапни за уреди надвор од екосистемот на „Apple“.

За да има шанса против главните конкуренти, компанијата одвои 1 милијарда долари за оригинални продукции во 2018-та. „Apple“ дефинитивно располага со парите за создавање на квалитетни производи, но останува да видиме дали ќе има успех од самиот почеток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП