3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија го „згази“ Атлетико, Ди Марија го спасуваше ПСЖ, Звезда пак „потопена“

Борусија го „згази“ Атлетико, Ди Марија го спасуваше ПСЖ, Звезда пак „потопена“

Пари Сен-Жермен и Наполи го одиграа најинтересниот натпревар во третото коло во Лигата на шампионите, откако „светците“ мораа да се спасуваат со гол во 93. минута (Анхел ди Марија) за 2:2 реми. Ова дозволи Ливерпул да се искачи на првото место во групата Ц, откако му даде четири „парчиња“ на српскиот шампион Црвена звезда.

Лоренцо Инсиње рано донесе водство за тимот на Карло Анчелоти во првото полувреме, а откако тимот на ѕвездите од Париз израмни преку автогол во 61. минута, белгиската гол-машина Дрис Мертенс во 77. минута донесе водство за „партенопеи“, пред Ди Марија во 93. минута да ги спаси „светците“.

Ливерпул, пак, му го нанесе вториот висок пораз на Црвена звезда (по тој од 6:1 од ПСЖ), откако Мо Салах постигна два гола, а по еден додоа Садио Мане и Роберто Фирмино за „црвените“ да стигнат до убедлива победа.

Ако оваа висока победа беше очекувана, тогаш ретко кој ќе се обложеше дека Борусија Дортмунд ќе му нанесе 4:0 пораз на актуелниот шампион од Лига Европа и од Суперкупот на УЕФА, Атлетико Мадрид. Гуериро двапати, Вицел и Санчо ги потопија „јорганџиите“ на преполниот „Сигнал Идуна Парк“, за Борусија да го преземе првото место на табелата пред Атле.

Дербито во групата Б помеѓу Барселона и Интер, овојпат без Лео Меси, заврши со 2:0 победа на Каталонците, по кои тие ја имаат предноста и првото место со максимален учинок. Рафиња и Жорди Алба беа стрелци за Барса.

Тотенхем ги загуби реалните шанси за пласман понатаму во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај ПСВ Ајндховен не успеа да издржи и одигра 2:2 во меч полн со возбудувања, поништени голови и црвен картон за Иго Љорис.

Мексиканскиот напаѓач Ирвинг Лозано ги донесе ПСВ во водство по половина час игра, по големата грешка на Тоби Алдервирелд, а мизеријата за Спарси се зголеми веднаш потоа кога на прв поглед регуларниот гол на Давинсон Санчез беше поништен.

Лукас Моура израмни пред крајот на полувремето, пред само 10 минути по полувремето, Хери Кејн да донесе водство од 1:2. Меѓутоа, голманот Иго Љорис доби црвен картон во финишот на натпреварот по фаулот над Лозано. Првиот поен за ПСВ во ЛШ оваа сезона го обезбеди Лук де Јонг во 87. минута. По ова реми, ПСВ и Тотенхем имаат по 1 поен, додека Барселона и Интер, кои вечерва се среќаваат веќе имаат по шест.

Монако исто така не успеа да стигне до првата победа во ЛШ оваа сезона, по 1:1 ремито во Белгија против Бриж, прв европски со Тјери Анри како тренер. По овој резултат, Монако и Бриж имаат по еден поен, додека Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид се на врвот со по шест поени.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3. КОЛО

ГРУПА А

Борусија Дортмунд – Атлетико Мадрид 4:0

Бриж – Монако 0:0

Табела: 1. Борусија 9, 2. Атлетико М. 6, 3. Монако 1, 4. Бриж 1.

ГРУПА Б

Барселона – Интер 2:0

ПСВ – Тотенхем 2:2

Табела: 1. Барселона 9, 2. Интер 6, 3. Тотенхем 1, 4. ПСВ 1.

ГРУПА Ц

Ливерпул – Црвена звезда 4:0

Пари Сен-Жермен – Наполи 2:2

Табела: 1. Ливерпул 6, 2. Наполи 5, 2. ПСЖ 4, 4. Црвена звезда 0.

ГРУПА Д

Галатасарај – Шалке 0:0

Локомотив Москва – Порто 1:3

Табела: 1. Порто 7, 2. Шалке 5, 3. Галатасарај 4, 4. Локомотив М. 0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП