18 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.10.2018

Дневен хороскоп 24.10.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот би можел да биде одличен, особено кога станува збор за пари, бидејќи позицијата на Месечината во Шкорпија совршено ви одговара. Можно е да ви се јават поранешните колеги за да ја продолжите соработката. Постојано ќе мислите на некоја личност со која сте имале интересна средба во изминатите денови.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе добиете пријатни вести во врска со некоја нова работа која би требало да ја органзираат некој Овен, Рак или Лав. Ментално сте посилни во однос на финансискиот дел и веројатно ќе направите погрешни финансиски потези. Бидете отворени за секој вид на совет, особено од некој Стрелец или Лав.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот би можел да биде прилично напнат особено во врска со работата. Ако треба да се сретнете со некој Лав или Рак, обидете се да ја одложите средбата. Тие ќе ви нанесат голема нервоза со нивните идеи. Во попладневните часови ве очекуваат пријатни моменти во семејството.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можна е средба со поранешни колеги со кои сте биле многу блиски но не секогаш во сјајни односи. Тие ќе ви донесат некое изнендување. Се што е во врска со кариерата ве интересира, а приватниот живот во моментов ви е оставен на страна. Искористете ја подршката од некој Бик кој ви дава корисни совети.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате оригинални идеи во врска со работата, особено ако се занимавате со некоја динамична работа. Се чувствувате одлично во друштво на динамични луѓе или лица со млад дух. Ако сте сами може да очекувате одлична средба со лице од спротивниот пол. Играјте некоја игра на среќа.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сите идеи кои ги имате во врска со новиот проект би можеле многу лесно да се реализираат со помош на некое лице од семејството, бидејќи најверојатно ќе ви биде потребна финансика помош. Прилично сте нервозни и неподготвени да се справите со било кој вид на компромис.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Донесете одлука во врска со патувањето во странство или продолжувањето на студиите, стручното усовршување, околу кое долго време се двоумите бидејќи не гледате јасна цел пред вас. Сепак, знаете дека тоа е мудро. Добро би било да се сретнете со некој пријател во знакот на Овен или Рак. Не влегувајте во расправии со Девица или Близнаци.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе добиете интересна деловна понуда од некој Рак или Овен кои добро ги знаат вашите вистински капацитети. Немате доволно пари за се што ви е потребно, но наоѓате решение и понатака правите големи трошоци. Можна е интересна средба со некој Јарец или Вага.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сета ваша енергија е насочена кон пронаоѓање на решение за новата работа која сакате да ја започнете што побрзо. Прилично ве оптеретува партнерот со своите дилеми или задачите кои ви стојат над глава. Постои потреба да регулирате некои неправилности. Проверете дали е во ред вашата деловна документација.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве оптеретува некоја неизвесност во која се наоѓате не по ваша волј,а а која ја предизвикал некој ваш колега во знакот на Лав или Бик. Можно е да сте многу ангажирани за некоја работа која за некој месец ќе ви донесе поголеми приходи. Не се оптеретувајте со парите.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можни се конфликти на работа. Лицето кое го сакате веројатно тоа не го сфаќа сериозно или е премногу зафатено со себеси. Не си мислите дека не го заслужува вашето внимание, ова е само преодна фаза. Би требало да пронајдете начин да решите некои финансиски проблеми или долгови.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сеуште сте во фаза реализација на некои проекти кои не се ваша идеја но постојано размислувате за нивна реализација. Не се нервирајте доколу некој од вашата околина не ве подржи или неговото мислење е многу поинакво од вашето. Може да дојде до конструктивни размени на идеи со некој Рак или Шкорпија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП