25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов пораз на ЛА Лејкерс, шампионот рутински против Феникс (видео)

Нов пораз на ЛА Лејкерс, шампионот рутински против Феникс (видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс се уште се без победа од почетокот на сезоната. Лејкерс имаат три порази, откако изминатата ноќ, по продолжението, беа поразени од Сан Антпнио 142:143.

Леброн Џејмс, погоди тројка за продолжение, мечот го заврши со 32 поени, осум скока и 14 асистенции, а Кајл Кузма со 37 коша беше најефикасен на мечот, меѓутоа ниту тоа не беше доволно Лејкерс да тргнат од „мртвата точка“.

Пети Милс на седум секунди до крајот ги постави конечните 143:142. Ламаркус Олдриџ беше најефикасен кај Сан Антонио со 37 поени, а Демар Дерозан уфрли 32 поени.

Голден Стејт Вориорс по поразот од Денвер Нагетс, успеаја лесно да се справат со Феникс Санс 123:103. Актуелните шампиони на полувремто имаа предност од 23 поени. Стеф Кари постигна 29, а Кевин Дуент 22 коша за победникот, додека Девин Букер со 28 и Ти-Џеј Ворен со 27 се истакнаа кај Феникс.

Лука Дончиќ одигра уште еден добар натпревар. Во победата на Далас над Чикаго 115:109, тој имаше учинок од 19 поени и шест асистенции. Зак Левин со 34 поени беше најпрецизен кај Чикаго.

Резултати:

Бостон – Орландо 90:93,

Торонто – Шарлот 127:106,

Милвоки – Њујорк 124:113,

Минесота – Мајами 101:91,

Јута – Мемфис 84:92,

Порталнд – Вашингтон 124:125.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП