ИНТЕРЕСНО

Роналдо му го препорачал Хамес на Јувентус

Италијанското радио „Раи спорт“ извести дека Кристијано Роналдо сака Јувентус во Торино да го донесе играчот на Баерн Минхен, Хамес Родрогез.

Кристијано и Хамес беа соиграчи во Реал Мадрид во периодот од 2014 до 2017 година. Потоа Колумбиецот се пресели на двегодишна позајмица во Баерн, а Португалецот по една сезона реши да замине во Јувентус.

„Раи спорт“ наведува дека Роналдо ги светувал челниците на клубот да ја искористат моментната ситуација во Баерн и да се обидат да го донесат незадоволниот Хамес.

27-годишниот играч неколкупати јавно го искажа незадоволството поради честите ротации и малата минутажа што ја добива од тренерот Нико Ковач.

Баерн наредната сезона има можност да го откупи договорот на Хамес за 42 милиони евра и веројатно е дека Баварците ќе го направат тоа.