18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи се откажа од Кавани, немаат доволно пари

Челзи се откажа од Кавани, немаат доволно пари

cavani_1741763a

Раководството на Челзи одлучи да ги престане преговорите за привлекување на напаѓачот на Наполи, Единсон Кавани. Ова се случи откако понудата во вредност од 52 милиони евра за Уругваецот беше отфрлена од неаполитанците.

Претседателот на италијанскиот клуб, Аурелио Де Лаурентис е категоричен дека нема да го продаде својот играч за помалку од 63 милиони евра, но од Челзи не се подготвени да ја понудат оваа сума и поради тоа ќе се фокусираат на други играчи. Според последните информации „сините“ имаат подготвено понуда за Роберт Левандовски. Тоа речиси сигурно значи дека Кавани ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид до крајот на летото.

Фудбалерот споделил со семејството дека сака да го облече дресот на „кралевите“ и сега останува единствено двата клуба да се договорат за трансферот.

„Син ми сака да игра во Реал Мадрид. Единствено што останува е да се постигне договор со Наполи за трансферот. Тој веќе имаше средба со претставниците на Реал. Пред семејството Еди многу пати рекол дека сака да игра во Мадрид, но досега не сакаше тоа да биде јавно кажано, за да не влијае негативно врз приврзаниците на сегашниот тим “, изјави таткото на Кавани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП