24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApp Store заработи 93% повеќе од Google Play во третиот квартал

App Store заработи 93% повеќе од Google Play во третиот квартал

Отсекогаш постоела разлика помеѓу тоа колку ќе заработи „Apple App Store“, а колку „Google Play“. Но, во третиот квартал од 2018-та година, јазот значително се зголеми – веројатно на највисоко ниво досега, пишува „Tech Crunch“.

Според новиот извештај на „Sensor Tower“, „App Store“ заработи скоро 93% повеќе од „Google Play“ за споменатиот период. Ова е најголемата разлика од најмалку 2014-та, откога „Sensor Tower“ започна да ги следи податоците на „Google Play“.

„Sensor Tower“ тврди дека околу 66% од вкупниот приход од 18,2 милијарди долари во мобилните апликации генерирани во третиот квартал од 2018-та година пристигнуваат од „Apple App Store“. Тој во текот на овој период заработи 12 милијарди долари, што е за 23,3 отсто повеќе од 9,7 милијарди долари што ги оствари во истиот период од минатата година.

Во меѓувреме, „Google Play“ заработи 6,2 милијарди долари во кварталот, 21,5 отсто повеќе од третиот квартал од 2017-та година, кога достигна до 5,1 милијарда долари.

Врз основа на рангирањето на најпрофитабилните апликации во двете продавници, претплатите продолжуваат да го намалуваат растот на приходите.

„Netflix“ останува најпрофитабилната „off-line“ апликација веќе трет последователен квартал, собирајќи околу 243,7 милиони долари во двете платформи. „Tinder“ и „Tencent Video“, се рангирани на второто и третото место.

Мобилните игри, исто така, го зголемија растот на приходите. Трошоците за кои станува збор се зголемија за 14,9% на годишно ниво во кварталот до 13,8 милијарди долари. Всушност, тие донесоа 76 проценти од сите приходи од апликациите на двете платформи во овој период. 8,5 милијарди долари беа генерирани од „App Store“ и 5,3 милијарди долари од „Google Play“.

Во однос на преземањата на апликациите, „Google Play“ е уште еден чекор напред поради широката употреба на поевтини уреди на „Android“ на пазарите во развој, се вели во извештајот. Инсталациите за апликации пораснаа за 10,9 отсто во двете онлајн продавници до 27,1 милијарди долари или 24,4 отсто повеќе во однос на третиот квартал од 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП